четврток , 19 октомври 2017
moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“.

Цената на кованите пари „Година на кучето – богата година на кучето“и „Година на кучето – безбедна година на кучето“ изнесува 3.200 денари.

Цената на кованaтa парa „Руски лавиринт“ изнесува 4.300 денари, а цената на кованaтa парa „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ изнесува 2.500 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија www.nbrm.mk.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …