среда , 18 октомври 2017
ndm

НДП: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обидуваат да нè спречат да учествуваме на локалните избори

Народно движење за Македонија соопшти дека најостро го осудува обидот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно да спречат учество на НДМ и на локалните избори на 15 октомври 2017.

„Имено, вчера министерот за правда испрати писмо до судовите дека не се признаваат судските уверенија за изборите од кривичната евиденција туку судовите да издаваат уверенија од казнената евиденција. Ова е невиден скандал, на еден ден пред крајниот рок за поднесување на изборните листи се менуваат изборните правилата со обично писмо, иако Изборниот законик останува ист, односно на сите претходни избори ДИК ги уважуваше судските уверенија од кривичната евиденција“, велат од НДП.

Според партијата, зачудува молкот на ВМРО-ДПМНЕ за овој најнов скандал на власта, што упатува на тоа дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уплашени од процесот на рушење на двопартизмот, кој НДМ го започна храбро, решително и во интерес на народот.

„НДМ овој чин на новата реформска влада, како што милува да ја нарекува Заев, го смета за директен обид за отстранување на НДМ од изборите земајќи предвид дека НДМ веќе има извадено преку 500 уверенија од надлежните судови за своите кандидати за советници и градоначалници, што значи дека сега е потребно за само еден ден НДМ да вади нови преку 500 уверенија за своите кандидати. Потсетуваме дека партиските членови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во ДИК ја отстранија НДМ од изборите и на 11 декември 2016 според логиката на политиката, откако интерните анкети на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ покажувале дека НДМ ќе освои од 5 до 7 пратеници на изборите лани“, велат од партијата.

НДМ ги предупредува Заев и Груевски да не си играат со трпението на народот оти „НДМ овој пат е подготвено по секоја цена да игра активна улога на изборите, а не да биде нем набљудувач на настаните на 15 октомври“.

 

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.