вторник , 26 септември 2017
kolumna doagame

Не е важно колку пари ќе потроши Катица, важно е колку ќе врати од украдените!

Изминативе неколку денови сведоци сме на канонада од напади испалени на сметка на Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева, од страна на провладините трубадури.

И бидејќи нема што, проблем била финансиската конструкција потребна за нормално функционирање на Специјалното обвинителство!? Ако до пред две недели го слушавме “Црвениот Латас” како не’ убедува дека Јанева е избрана како заеднички предлог на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вчера имавме прилика да го слушнеме другиот во него (ало началниче): Катица Јанева била избрана на предлог на СДСМ!

Оркестрираниот напад започна од сајтот на љубителот на мерцедеси, кој го објави финансискиот план на Специјаното обвинителство. Најпрво проблем беа 211.000 евра, а потоа и кумашинот на адвокатот на Заев.

Ајде сега да видиме како стојат работите. Дали не беше проблем провизијата од кинезите за изградба на автопатот, која и тоа како го покрива трошокот за функционирањето на Специјалното обвинителство?

Проблем е тоа што кумот или можеби кумашинот на адвокатот на Заев бил во тимот на Јанева, а не е пробем тоа што обвинителот Јово Илиевски и поранешниот човек на УБК, Сашо Мијалков се баџанаци?

Зарем до толку настапила колективна амнезија, па провладините трубадури „изумија“ дека премиерот Груевски и довчерашниот прв човек на тајната полиција Мијалков се први братучеди? Нешто што е несфатливо за демократските земји, а карактеристично за тоталитаристичките режими.

Или дека премиерот (пак!) и министерот за финансии Ставревски се кумови? Непотизам од размери во првиот ешалон на власта каков што досега не е виден на поширокиот балкански и европски простор!  

И после проблем бил кумашинот на адвокатот на Заев? Иди бегај!

Не е проблем тоа што Катица Јанева побарала многу пари од буџетот за нормално функционирање на Специјалното јавно обвинителство, туку на владејачкиот режим му е проблем тоа што станува се’ поизвесно дека Јанева и нејзиниот тимсо силна меѓународна поддршка решиле работата да ја истераат до крај. „Проблем“ е што некој ќе мора сите украдени пари кои во изминатите години биле испумпувани од буџетот преку оф шор компании или изнесувани во шишиња преку граничните премини, да ги врати назад!

Дали целта ги оправдува средствата ?

Да, ако украдените пари се вратат назад. Ќе потсетам само на една „зделка“ која Заев ја обзнани со една од опозициските „бомби“, а која се однесуваше на провизијата од кинеската компанија која што го добила тендерот за изградба на автопатот. 

Според презентираните разговори и пресметките од достапните документи, соговорниците (Миле ми текна и математичарот Никола) успеале да извлечат дури 25 милиони евра провизија!? Каде е тука половината милијарда евра потрошена во пералницата за пари наречена „Скопје 2014“, каде се плацовите на Водно…?

Според финансискиот план за работа, за 12 месеци Специјалното обвинителство ќе ја чини државата 4 милиони евра, што е капка во морето во однос на арамилакот која во изминатата деценија го направи актуелната владеачка структура.

Сега јасно е зошто се многу 211 илјади евра месечно, исто како што е јасно зошто на Груевски и на неговите вазали им сметаат одредени личности од тимот на Јанева. Сега, всушност, е јасно се’!

Затоа, не е проблем колку пари ќе потроши Јанева, важно е колку ќе врати од украдените!

Виктор Азманоски

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …