вторник , 26 септември 2017
jasminka angelova

НЕ ШТРАЈКУВАЈТЕ СО ГЛАД, ИЗВАДЕТЕ ЈА КУБУРАТА !

Новото вработување на отпуштените војници, беше ветено пред изборите уште минатата година, кога Владата иницираше дополнување на Законот за служба во АРМ, со кој се предвидуваше сите војници кои ќе навршат 45 години и ќе мора да ја напуштат Армијата, како и оние кои веќе биле отпуштени според претходните старосни ограничувања, да добијат ново работно место во државната администрација.

И тогаш, јас не бев сигурна во искрените намери за решавање на проблемот со професионалните војници кое Владата го понуди во пресрет на претседателските и предвремените парламентарни избори. Не се излажав.

Ми беше чудно, истата Влада која со години наназад ја убедуваше јавноста дека овој предлог е нереален, одеднаш го усвои во целост, од збор до збор, од точка до точка. И го усвои токму така како што предлагаше Достоинство… И го усвои токму во екот на собирањето на потписите за претседателската кандидатура на генерал Стојанче Ангелов.

Иако претпазлива во очекувањата, си велев ајде по долгогодишна политичка битка за ова прашање Достоинство извојува голема победа… Победа за професионалните војници… Победа за Македонската Армија!!!

И тогаш и сега, знам дека сето тоа беше само празен, низок и валкан политички маркетинг на режимот за да оттргнат една цела Целна група на поддржувачи на генерал Ангелов за претседателската кандидадтура.

И навистина им успеа.

Многумина македонски граѓани, меѓу нив и огромен број на професионални војници, кои најавија подршка за претседателската кандидатура на генерал Ангелов, не се потпишаа за него, под изговор „ќе гласам за тебе, но не смеам да се потпишам…еве ќе нѐ вратат на работа…!!!“ Како веднаш да заборавија дека токму Тој со години „војуваше“ за нивниот проблем….

Собирањето на потписите се одвиваше споро и отежнато со разни злонамерни опструкции… бирократска процедура со недомократски елементи… Сакам да забележам дека на истекот на последниот ден на рокот за собирање на потписи, мегафоните на власта известуваа за „илјадниците нестрпливи граѓани, силно возбудени поради изборот на проф. д-р. Ѓорѓе Иванов за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, кои брзаа кон канцелариите на ДИК масовно да се потпишат и да дадат општонародна подршка на неговата кандидатура“ при што Достоинство донесе одлука да ги повлече списоците за подршка на кандидатурата на генерал Ангелов.

Никогаш не смееме да заборавиме дека благодарение на македонските граѓани кои се потпишаа и гласаа за Ѓорге Иванов, тој беше награден со уште еден претседателски мандат, затоа што:
– Не се спротивстави на амнестијата на злосторниците опфатени со Хашките случаи!
– Дозволи делегација на АРМ во армиска униформа, да положи цвеќе на споменик на УЧК!
– И покрај неколкуте иницијативи на “Достоинство“ не одликува ниту еден преживеан бранител од 2001-та!
– Како врховен командант на АРМ не го спречи унапредување во чин мајор на Етеми Шеваљ (командант Ваљони од УЧК), осомничен дека во 2001 година учествувал во киднапирањето и изживувањето врз Мавровските работници!
– Како врховен командант на македонската Армија дозволи командант од УЧК да стане министер за одбрана и без противење соработуваше со него!!!

И за крај, да дополнам. Достоинство навистина работеше во герилски услови, без финансиски средства, без кампања, без медиумска покриеност, само со фБ информација и мал број на флаери како единствена комуникација со граѓаните.

Стравот кај граѓаните беше огромен. Дури не сакав да верувам колку беше исплашен нашиот македонски народ… Народе Македонски… До кога вака??? Исплашен, трпелив и понизен??? Кога веќе еднаш ќе ја извадиш кубурата???

Затоа, Професионални Војници не штрајкувајте со глад!!!

Нема ниту совест, ниту образ кај најповиканите за решавање на Вашиот проблем.

Се уверивте дека повторно сте излажани. Доста ве газат. Изборете се за пристоен живот и спас на Вашите деца. Не чекајте.

Достоинствено и со јуначко срце, како бранители на нашата татковина, извадете ја кубурата во борбата за Вашите права.

Од овие денови ПоЦрни нема.

Јасминка Ангелова

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …