недела , 20 август 2017
zatvorVrata-540x320

Нечовечки услови и корупција го тресат затворот во „Идризово“-осуденици спијат на картони и душеци на под

Народниот правобранител Иџет Мемети презентирајќи го извештајот на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам за 2016 година, по 50-те спроведени посети на органи и установи во кои слободата на движење е ограничена предупредува за нехумани човечки услови и корупција во затворот во Идризово.

Мемети вели дека условите во Казнено – поправниот дом „Идризово“ не само што се далеку од предвидените стандарди, туку директно го погазуваат човековото достоинство и упатуваат, како што појасни, на понижувачки, нехуман и деградирачки третман, додека во Приемното одделение кое три соби, ходник и тоалет ѕидовите се со мувла и влага, таваните прокапуваат, а прозорците се скршени.

Мемети посочи дека затекнале  80 лица кои спротивно на Законот се задржуваат и повеќе од два месеци пред да бидат префрлени во соодветните одделенија и истите поради пренатрупаност спијат на картони и душеци на самиот под, па и во ходникот, а сите користат еден тоалет, кој е целосно руиниран, и кој истовремено се користи и за чување на приборот за јадење со образложение дека само таму има вода.

Мемети побара итно затворање на приемното одделение во „Идризово“ и префрлување на овие лица во соодветни простории и очекува надлежните итно да постапат и да му достават одговор во рок од 30 дена.

Како што соопшти народниот правобранител состојбата ниту во женското одделение во „Идризово“ не е нешто подобра.

Мемети укажа и  лошите услови (мувла, влага, нехигиена…) во амбулантното и во затвореното одделение и додаде дека храната која ја добиваат затворениците е со лош квалитет и недоволна.

Тој рече дека поради овие катастрофални и деградирачки услови бара итно затворање на приемното одделение во „Идризово“ и префрлување на овие лица во соодветни простории и очекува надлежните итно да постапат и да му достават одговор во рок од 30 дена.

Правобранителот информира и за појави на корупција и злоупотреби во затворите, каде, според искази на осудени, се продаваат кревети, мобилни телефони, разни видови дроги и дека евидентен е тренд на регрутирање нови зависници.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …