недела , 22 октомври 2017
kumanovo-teroristi

Неделава продолжува сослушувањето на уапсените од кумановската група

kumanovo-teroristiВо среда и во четврток, оваа недела, продолжува сослушувањето на уапсените во полициската акција во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај, кои во моментов издржуваат притвор во затворите во Прилеп и Битола, објави телевизијата „Алсат-М“.

Како што пренесува телевизијата, процесот беше блокиран бидејќи притворените одбиле да дaдат изјави пред Обвинителството да им ги презентираат доказите против нив.

„В среда и в четврток ќе продолжи случајот за тие кои се во другите затвори во Прилеп и Битола и мислам дека на почетокот на август ќе се овозможи сите да дадат изјава откако ќе им бидат остварени нивните права, да им се даде да ги видат доказите пред да дадат изјава“ изјавил за „Алсат-М“, адвокатот на одбраната, Насер Рауфи.

Според Рауфи, процесот на сослушување, е последниот момент од постапката, по што обвинението против кумановската група најверојанто ќе биде готово до почетокот на есента.

Во кумановските настани од 9 и 10 мај, оваа година, загинаа 8 припадници на специјалните полициски сили, а 37 беа ранети. Во полициската акција беа убиени 10 членови на вооружената група, а околу 30 беа уапсени и осомничени за тероризам.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …