недела , 22 октомври 2017
pkk

Неколку реони во Турција прогласени за специјални зони за безбедност

pkkНеколку реони во двата турски источни округа – Агра и тунџели, се прогласени за специјални зони за безбедност заради зачестените напади од бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК).

Според турските закони, во случај на потреба определени територии може да се прогласат за зони за безбедност.

Во такви реони се воведува вонредна состојба, на цивилите им се забранува влегување без посебна дозвола, а армијата и жандармеријата имаат правод а отворат оган врз сомнителни цели.

Во Агра вчера терористите активираа два тона експлозив пред зграда на жандармеријата при што загинаа две лица и беа ранети над 30. Специјалниот режим ќе трае 15 дена.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …