вторник , 26 септември 2017
klub na pratenici

Нема договор за изборниот законик, преговорите продолжуваат денеска

klub-na-pratenici-540x405
Тешко оди договарањето за новите изборни правила. Преговорите кои траеле до рано утрово се прекинати без договор, но ќе продолжат денеска.

Сo договорот од Пржино, рокот за оваа област истече на 6 октомври.
Засега, секој останува на своите ставови за гласањето на дијаспората, воведување на Бадентеровото мнозинство како модел за одлучување во Државната изборна комисија, чистењето на избирачкиот список и како медиумите треба да известуваат од изборната кампања.

Доколку беше постигнат напредок за верзијата што ја понудија странските посредници, законот требаше од денеска да влезе во собраниска процедура.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, во интервју предупреди дека препораката за Македонија за членство во ЕУ, што треба да се случи кон крајот на октомври во многу ќе зависи од реализацијата на договореното од Пржино.
Странците веќе изјавија дека се разочарани од „одредени игри и тактизирања“, но и тоа дека се оптимисти дека ќе надвладее свеста дека е неопхдно да се има фер и демократски изборен процес.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …