вторник , 24 октомври 2017
sutka

Нема гинеколог, ама жените во Шутка синхроно ќе пливаат

Најавата на власта за изградба на базен во Шуто Оризари за вежбање ватерполо, синхроно пливање и скокови во вода не наидува на одобрување. Општината која се соочува со низа егзистенцијални проблеми, ќе добие базен пред канализација.

-Не би дала приоритет на бзазенот, треба да има доктор гинеколог што многу недостасува, нешто што ќе помогне таму посебно на жените. Убаво е да има базен, ама приоритет е здравството. Имаше обиди да се вработи гинеколог, но се уште постојат предрасуди, ниеден лекар не сака да работи таму, иако има амбуланта, изјави Дилбера Камберовска од Ѓенската Ромска организација “Даја“.

Насер Ахмед Центар за демократски развој и иницијатива, ЦДРИМ посочува дека дали е добро или не, треба да одговорат тие што се засенати.

-Ако зборуваме за приоритет тогаш тоа е здравството, вработувањето, домувањето, базенот не е приритет во овој момент. Има многу работи што друго да се направи. Тоа треба да биде во втор план, каде се другите приоритети? Добро е да се гради но во вој момент знаете со кои проблеми се соочува заедницата, вели Ахмед.

Агенцијата за спорт и млади објави тендер за изградба на базен во Шуто оризари за вежбање нуркање, ватерполо, синхроно пливање и скокови во вода. Објаснувањето беше дека со години наназад државата не бележи успеси поради немање основни услови.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …