недела , 24 септември 2017
sesil-540x320

Нема обвинување за ловџијата што го застрела лавот Сесил во Зимбабве

sesil-540x320Властите во Зимбабве соопштија дека нема да покренат обвинување против американскиот ловџија Валтер Палмер, затоа што го застрела лавот Сесил, симболот на Националниот парк Хванге.

Во објаснувањето на властите се вели дека Палмер, богат американски стоматолог и страствен ловџија, не ги прекршил законите во Зимбабве, затоа што имал дозвола за лов на лавови.

Министерот за животна средина, Опах Мачунгин, претходно се закануваше дека владата во Хараре ќе бара од САД екстрадиција за Палмер, за да биде изведен на суд, но сега објаснува дека властите ги повлекуваат сите обвинувања, откако откриле дека Американецот не е виновен.

Палмер кој во американските медиуми беше остро напаѓан затоа што го уби лавот Сесил, признаваше дека згрешил и дека жали поради тоа, но инсистираше дека неговиот лов во Зимбабве бил легален и со сите потребни документи.

Иако нема да има обвинување за Американецот, властите во Зимбабве одлучија да продолжи судењето против Тео Бронкхарст, кој бил водич во ловот на Палмер.

Тој го отфрла обвинувањето дека „не успеал да спречи илегален лов“.

Министерот Мачунгин изјави во Хараре дека по убиството на Сесил, владата забрзано подготвува нови законски мерки кои ќе ги регулираат условите за добивање дозвола за ловење.

Лавот Сесил беше туристичка атракција во Националниот парк „Хванге“ најмногу поради својата црна грива. Лавот беше стар 13 години и важеше за пријателски настроен кон посетителите на паркот.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …