вторник , 25 јули 2017
latas-588x320

Нема притвор за Латас – екс-вицепремиерот Пешевски остана без пасош

Апелациониот суд го потврди решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 од Скопје, по жалбата од екс-вицепремиерот Владимир Пешевски за одземање на пасошот и наложување да се јавува една неделно во судот. Иста одлука Апелација донесе и за бизнисменот и водител Драган Павловиќ Латас. За него ја одби жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор.

Во решението на Апелација за Пешевски пишува: „Првостепениот суд правилно оценил дека во оваа фаза на постапката, примената на мерката притвор не е оправдана и дека со примена на поблаги мерки, како што се определените мерки на претпазливост – обврска за јавување во судот и привремено одземање на патната исправа, успешно ќе се елиминира
опасноста од бегство, со образложени причини кои овој суд ги прифаќа. Имено, имајќи ги предвид фактите и околности на кои укажува тужителот, како и околностите да обвинетиот е со познат идентитет и познато место на живеалиште, како и околностите во поглед на семејните и материјални прилики на обвинетиот, односно дека има воспоставено семејни и егзистенцијални релации со неговото место на живеење, има оформено свое потесно семејство, татко е на три деца. Кога се проценува дали постои реална опасност од бегство, судот мора да ги заме предвид сите околности на конкретниот случај. Овој суд меѓу другите, ја ценеше околноста дека обвинетиот поседува банкарски сметки, но истата не ја цени изолирана од другите околности, како погоре наведените. Оттука, жалбените наводи на тужителот истакнати во овој правец се неосновани“.

Апелација ја одби жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор за Драган Павловиќ Латас. Во образложението пишува: „Овој суд ја прифати одлуката на првостепениот суд и не го прифати предлогот на тужителот истакнат со жалбата за определување на мерката притвор према обвинетиот, со поткрепа од фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и непосредно го убеди дека со неговото досегашно однесување во постапката и дадените наводи од кои произлегува ветување за присуство во понатамошниот тек на истата, а имајќи ги во предвид фактите и околностите на случајот и изнесените од страна на странките, ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка.“

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …