среда , 28 јуни 2017
nestorovski

Несторовски на чекор до рекорден трансфер: Овие клубови се спремни да платат 20 милиони евра за ,,Нестогол”

Новиот спортски директор на Милан, Масимилијано Мирабели има желба да го види Илија Несторовски во нивните редови.

Тој одржал состанок со Палермо и доставил понуда во вредност од 15 милиони. Милан се спремни да му понудат годишна плата од околу 2 милиони евра во зависност од неговата ефиктивност. Миланезите во него гледаат играч од калибарот на Пипо Инзаги.

Но, од друга страна ,,Кориере Дело Спорт” и ,,ТутоСпорт” излегоа со информација дека Фиорентина е на чекор во своите редови да го донесе Несторовски како наследник на Никола Калиниќ кој оваа сезона си заминува од кај ,,виолетовите”. Палермо веќе ја одреди сума за Несторовски и таа изнесува 20 милиони евра, кои ќе ги искористи во летниот период за засилувања кои треба да го вратат Палермо во Серија А.

Исто така медиумите посочуваат дека и други екипи се заинтересирани за Несторовски Севиља, Атлетико Мадрид и Евертон.

Каде ќе заврши Несторовски, останува времето да покаже, меѓутоа како што пишуваат италијанските медиуми трансферот во Фиорентина е веќе завршена работа, уште остануваат да се прецизираат ситни детали.

Несторовски сезона одигра фантастично во дресот на Палермо и успеа од 35 одиграни натпревари, да се запише во листата на стрелци со 10 погодоци во Серија А.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …