четврток , 19 октомври 2017
Trajkovski-i-Nestorovski-vo-palermo

Несторовски најдобар и во новата видео-игра ФИФА 2018

Новата видео игра ФИФА 2018 ги одреди оценките на фудбалерите на Палермо, а македонскиот интернационалец Илија Несторовски е лидер меѓу своите соиграчи.

Тимот од Сицилија го има најсилниот состав во Серија Б со оценка 71 во одбраната и средниот ред и 72 во нападот. Единствено Фросиноне може да се носи со екипата на Бруно Тредино.

Веднаш зад Несторовски се Јајало со оценка 73 и Чочев и Алесами со 72.

Македонскиот репрезентативец е прв стрелец на екипата во новата сезона со четири погодоци. Следен предизвик за Палермо во Серија Б ќе биде гостувањето кај Асколи, но Несторовски нема да настапи заради црвениот картон против Про Верчели.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …