сабота , 23 септември 2017
ben-netanjahu-640x320

Нетанјаху предлага разговори со Абас околу насилството на Западниот Брег

ben-netanjahu-640x320Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху изјави дека е подготвен за средба со палестинскиот лидер Махмуд Абас, за која рече дека може да го запре сегашниот бран насилство.

Нетанијаху го оправдуваше големото присуство на безбедносни сили во Ерусалим, по бранот поединечни напади со нож од страна на , главно, млади Палестинци, кон израелски граѓани.

„Мислам дека можеме да се сретнеме и да разговараме. Јас околу тоа немам проблем„- рече Нетанијаху, порачувајќи дека Израел може веднаш да се спречи овој бран насилство спрема државата.

„Во секој случај, подготвен сум за средба (со Абас) но тој не е спремен да се сретне со мене„- забележа премиерот Нетанијаху.

Израелскиот премиер, во разговор со новинарите, понуди средби и со американскиот државен секретар Џон Кери, како и со јорданскиот крал Абдула, околу сегашните тензии и насилството во Ерусалим, на Западниот Брег и во реонот на границата со појасот Газа.

Во безмалку секојдневните напади, во изминатите две недели, седуммина Израелци беа убиени, а други 14 ранети. Кај Палестинците има најмалку 30 убиени, меѓу кои се и повеќето од напаѓачите со нож.

Палестинските власти претходно соопштија дека нема да има обнова на разговорите, доколку Израел не ја запре изградбата на нови населби за еврејски доселеници на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

Од 1967 година, на овие територии се изградени сто вакви населби.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …