понеделник , 25 септември 2017
117797108

Нигериската армија ослободи над 300 жени и деца заробени од Боко харам

117797108Повеќе од 300 жени и деца, кои беа во заробеништво на исламистичката група Боко харам во североисточниот дел на Нигерија, ослободени се од армијата.

Во соопштението на нигериската армија се наведува дека вчера од заробеништво биле спасени 338 луѓе, од кои 192 деца и 138 жени.

Операцијата била насочена кон камповите на Боко харам во селата Булаџилин и Манаваше, во шумскиот реон Самбиса.

Нигериските војници ликвидирале 30 членови на Боко харам и заплениле оружје и муниција. Воената авијација вчера изврши и напади врз складишта со автомобили и гориво на исламистите.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …