недела , 22 октомври 2017
1-img_0713

Николовски: Ги враќаме парите кај граѓаните

Денеска сме во Свети Николе и во Лозово. Рзговараме со овие ѓраѓани за нивните проблеми, за лагите на криминалната власт, но и за нашиот План за живот Македонија.

 

 Овде ги нема 20 илјади крави на Субрата Рој. Ја нема ветената инвестиција Холандска за произвоство на печурки. Овде веќе е затворен и земјоделскиот факултет. Затоа од тука ја праќаме пораката: стоп на криминалот, на изнесувањето на милјарди евра наши пари надвор од Македонија! Стоп на иселувањето на младите луѓе!

Токму затоа, со нашиот план за живот во Македонија предвидуваме, првин праведна распределба на државното земјоделско земјиште, тоа ќе биде во рацете на луѓето на кои што му е најмногу потребно и кои што ќе произведуваат храна во државата. Ќе воведеме поефтина зелена нафта за секој земјоделец, субвенциите ќе бидат 640 милиони евра во првите четири години од нашиот мандат. Но тие ќе ги добиваат вистинските земјоделци, навремено тогаш кога им се потребни.

За секој млад човек ќе обезбедиме по 10 илјади неповратни средства за секоја добра бизнис идеја. Ќе обезбедиме кредити од 15 илјади евра со 1 % камата, за секој млад човек. Ќе отвориме старт ап бизнис центри каде што младите луѓе ќе можат да отворат свој бизнис, своја компанија, за само едно евро основачки влог и ќе ги користат привилегиите , ќе бидат ослободени од комунални трошоци,ќе имаат целосна светководствена и финансиска и правна поддршка.

Преку сите столбови од нашиот План за живот на Македонија ги враќаме парите назад кон ѓраѓаните.

Токму затоа на 11-ти декември ќе одбереме живот во Мкедонија!

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …