петок , 22 септември 2017
ljupce

Николовски : Нестручноста на Поповски е закана за здравјето на младите

Признанието на скандалот кој ја тресе АХВ добива нови размери. АХВ уште повеќе се заплеткаа во сопствената мрежа од нестручност и некомпетентност.

Прво, згрозени сме од немањето на капацитет и основно незнаење за тоа дали некој пропис по кој самите работат е во правна сила или не.

Имено, директорот на АХВ очигледно незнае дека во септември 2015 година самиот донел нов правилник со којшто е ставен вон сила правилниот на кој се потпираа АХВ во нивната небулозна реакција.

Второ, ако биле компетентни, тие ќе знаеле дека стручното лабораториско мислење и анализа од Институтот за јавно здравје на РМ се однесува токму на комбинацијата на алкохол со висока количина на кофеин и влијанието врз човечкиот организам, а не на означувањето.

Трето, неточно е дека ова стручно мислење не е на барање на АХВ. Примерокот е земен од нивен инспектор од граничен премин Блаце и истиот од агенцијата е доставен до Институтот за јавно здравје. Еве го бројот на барањето и иницијалите на инспекторот кој го зел примерокот, ги добил анализите и морал да преземе законски мерки.

Врз основа на сето ова, јавно го прашувам господинот Поповски, кој дозволил на пазарот во Македонија во февруари да влезе пратка и да се продава алкохолен пијалок со висока содржина на кофеин, кој претставува закана за јавното здравје на граѓаните, а посебно на младите?

Зошто не е почитувано стручното мислење добиено од Институтот за јавно здравје од 12.02.2016 година, кој е највисока научна институција во областа на безбедноста на храната и јавното здравје во Македонија?

Граѓаните мора да ја знаат вистината. Нивното здравје и нивните животи не смеат да се остават на случајност и на некомпететноста и нестручноста на институциите.

Одговори мора да има, без калкулации, без компромиси.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …