вторник , 25 јули 2017
нимиц

Нимиц и Коѕиас денеска ќе се сретнат во Брисел

Посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц,  денеска во Брисел ќе се сретне со  грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Како што соопштија од канцеларијата на Нимиц, средбата ќе се одржи на барање на Грција, а целта на разговорот, кој следи по посетата на Нимиц на Македонија, е да се дискутира околу пронаоѓање на начин за напредок во преговорите околу спорот за името.

Нимиц на 3 јули се сретна со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. По средбата со Димитров тој  изјави дека засега охрабрувачки е што ова прашање е во фокусот и на двете влади, и на грчката и на македонската. Како што рече Нимиц тој увидел решителност и подготвеност за ставање крај на овој дводецениски проблем, но дека секоја од страните треба да го земе предвид мислењето на другата страна.

„Охрабрен сум што ова прашање кое е важно за регионот, за ОН како и за оваа држава е во фокусот. Охрабрен сум од фактот што има сериозен интерес и волја да се интензивира ова прашање. Разговарам и со Атина, требаше да одам таму но го одложив состанокот. За да се реши овој проблем потребен е генерален прогрес. А тоа значи и двете страни да ги кажат страните и потоа да ја сослушаат другата. Не разговаравме за нови предлози за името ниту, пак, дојдов со конкретен предлог. Разговаравме за самиот процес и за тоа како да се интензивира“, рече Нимиц.

Тој додаде дека политичка волја постои и од македонска и од грчка страна.

Слични написи

Germany

Речиси половина од невработените во Германија се странци

Речиси половина од невработените во Германија се граѓани со т.н. миграциска заднина, а повеќе од …