четврток , 19 октомври 2017
nobel-prize-award-overview-701x245

Нобеловата награда за мир доделена на Меѓународната компанија за укинување на нуклеарното оружје

Меѓународна компанија за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) ја доби годинешната Нобелова награда за мир за десетгодишната кампања за отстранување на нуклеарно оружје во целиот свет.

Меѓународната компанија за укинување на нуклеарната програма е коалиција од невладини организации од повеќе од 100 земји која е предводник во напорите да се дојде до забрана на нуклеарното оружје со носење меѓународни закони.

„Организацијата ја добива наградата за својата работа да го пренасочи вниманието на катастрофалните последици од користењето нуклеарно оружје и пионерските напори да се постигне договор за забрана на ваквиот вид оружје“, рече претседателот на норвешкиот комитет за доделување на Нобеловата награда, Берит Рејс Андерсен.

Нобеловата награда за мир се доделува од 1901 година.

Оваа година беа номинирани 318 кандидати, меѓу кои беа Папата Франциско, иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Јавад Зафир, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини, Американското здружение за граѓански слободи, лидерот на Сириската цивилна одбрана и саудискиот блогер Ралф Бадави.

Минатата година комитетот за доделување на наградата со признание за мир го награди претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, за напори во постигнување мир во таа земја и покрај фактот што граѓаните на референдумот одбија компромис со бунтовниците ФАРК, со кој требаше да биде завршен најдолгиот конфликт во Латинска Америка.

Нобеловата награда за секоја област се состои од дипломи, златни медали и чек во вредност од околу еден милион евра.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …