четврток , 29 јуни 2017
kalina kosi

Ноевата арка

Замислете си македонски Дедо Ное. Си спремал голема, луксузна, велелепна арка. Си пратил послушници да му ја наполнат, оти се спремал, не знам за каде, за вечен живот можеби?

Послушнициве оделе од врата на врата. Кај секој од нас. Наместо клупи за нашите деца во училиштата, наместо лекови за болните, наместо леб за гладните, парите во ќесето… она што ќе се носи во арката. Потоа тропале од врата на врата кај сопственици на ниви, пасишта, бутици, слаткарници, продавници, маркети, фабрики… Наместо казни и инспекции, рекет, за во ќесето… она што ќе се носи во арката. И сега замислете, колку солзи, колку лелеци, колку клетви, колку крв се насобрани во него. По 12, 13, некогаш и 30 илјади евра крв на ден, во вид на чланарина, поточно арач! За да му бидат врачени на крвопиецот!

Ноевата арка да му потоне како Титаник, тоа сакам! Да бидам жива, да доживеам, со свои очи да го видам како тоне, како исчезнува! Само тоа сакам и ништо друго не барам!

ФБ Статус на Калина Коси

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …