понеделник , 23 октомври 2017
norveska1

Норвешка: Премиерката објави победа на парламентарните избори

Норвешката премиерка Ерна Солберг, членка на Конзервативната партија, во текот на ноќта објави победа на парламентарните избори. Солберг рекла дека победата на изборите е „резултат на тимска работа“.

Владејачката коалиција на Конзервативната партија и Напредната партија, заедно со уште две помали партии од десниот центар, освоиле вкупно 88 места во парламентот, кој брои 169 пратеници.

Втора партија во новиот состав на парламентот на Норвешка е Лабуристичката, која на изборите освои 49 пратенички места.

„Добивме мандат за уште четири години бидејќи го остваривме она што го ветувавме. Станува збор за чиста победа“, рекла Солбер пред своите поддржувачи и симпатизери.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …