среда , 28 јуни 2017
mpm press

Нов скандал во МПМ: Новинарите имаат забрана за појдовни повици на мобилните поради неплатени сметки

Скандалите во издавачката куќа МПМ не запираат. Според наши информации од денес новинарите останале без можност за појдовни повици на мобилните телефони, иако на платата им биле запирани средства кои требало да се префрлуваат до мобилниот оператор.

“Секој месец ни беа запирани парични средства за користењето на мобилните телефони, иако средствата се запирани не се истите префрлени до мобилните оператори. Од денес на телефоните имаме можност само за дојдовни повици, немаме опција ние да го побараме некого. Според некои најави од понеделник и таа опција ќе ни биде блокирана”, изјави за РеволуционерМк новинар од МПМ.

Скандалите околу оваа издавачка куќа започнаа уште пред неколку години кога при царинската контрола кај возачот на тогашниот сопственик Срѓан Керим беа пронајдени непријавени парични средства кои беа сокриени во шише. Последен скандал во низата беше платата на директорката Јана Станисављевиќ која што изнесува 25.000 евра месечно.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …