недела , 22 октомври 2017
zemjotres

Нов Зеланд – 100.000 лизгања на земјишта и постојани афтершокови

По силниот земјотрес од 7.8 степени според Рихтер и силен бран на афтершокови, илјадници луѓе се заробени во градовите во Нов Зеланд кои се близу епицентарот. Во регионот на Кантербјури прогласена е вонредна состојба.

Над областите Хурунуи и Каикура хеликоптери се впуштени во спасувачка мисија на туристите и луѓето кои живеат во отсечени заедници од поместување на земјиштето. Во Кантербјури испратени се и два брода кои помагаат во спасувањето.

За време на спасувачките мисии, постојано има афтершокови во овие области, кои се очекуваат да продолжат.

– Со сигурност можеме да кажеме дека ќе има уште земјотреси во овие области, соопшти ЏиоНет, владиното тело кое ги мониторира земјотресите.

Властите во моментов се во спасувачка мисија на околу 150 луѓе околу Каикура, образложи премиерот Џон Кеј кој додаде дека морнарицата на САД волунтира при спасувањето.

Кеј исто така додаде дека поради земјотресите и случувањата кои постојано се менуваат, пропуштил и повик од новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Кинезите пак испратиле свои хеликоптери за да ги спасат своите туристи. Четриесетмина се спасени а уште 60 се очекува да го напуштат Нов Зеланд.

Околу 80.000-100.000 лизгања на земјиштето се случија во последниве три дена а најпогодени од тоа се областите Инленд и Сиворд Каикура.

На неопределено време затворени се огромен број патишта, но она што засега успеале властите е, да ја вратат електричната енергија на некои места.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …