вторник , 24 октомври 2017
Грција сириза

Нова анархистичка група во Грција презема одговорност за напад врз седиштето на Сириза

Организација која себе си се нарекува „Група анархисти, комунисти и противници на власта“, ја презеде одговорноста за неодамнешниот напад со импровизирани молотови коктели врз централното седиште на грчката владејачка партија Сириза во Атина.

Според весникот „Та Неа“, анархистите објавиле текст на Интернет во кој се вели дека овој чин бил направен во критичен политички момент, на 19 февруари, односно пред средбата на Еврогрупата следниот ден, на која, како што се очекувало, бил означен почеток на „нов класен напад против работничката класа и младите“.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …