недела , 24 септември 2017
opstina-centar

Нова казна за Центар: За полско ве-це, глоба од 6.000 евра

opstina-centar„Државниот пазарен инспекторат го казни раководителот на Секторот за инспекциски работи во општина Центар, Кочо Стојчески, со глоба од 6000 евра.

Причина е неизвршување на решение за отстранување на градба – полско ве-це, од 2009-та година. Тогашниот овластен градежен инспектор, Милан Пижула, кој по доаѓањето на актуелното раководство беше сменет од позицијата, издал решение инвеститорот Стојков Кирил да го отстрани спорното полско ве-це што се градело без одобрение. Инвеститорот го добил решението, но градбата не ја отстранил, а Милан Пижула не пристапил кон неприсилно административно извршување.

По смената, Милан Пижула истиот предмет, иако незавршен, го архивирал во Државниот архив на Р.М.

Сегашниот раководител на Секторот за инспекциски работи во општина Центар, Кочо Стојчески, на 30-ти април 2015-та година, по цели 6 години е задолжен од управен инспектор да го пронајде предметот и да постапи по него.

Стојчески писмено се обраќа до Државниот Архив на Р.М. Од нив, добива одговор на 24-ти септември, 2015-та година, дека во списите на архивираниот предмет постои само решението од 2009-та година, но не и целиот предмет. Со ваква расположлива документација, извршувањето на предметот е невозможно.

Со Законот за легализација на градби, сите решенија за уривање се запираат, додека не се утврди дали објектот е предмет за легализација.

Управниот инспектор не ги зема предвид сите презентирани факти и законски аргументи и денес, носи одлука раководителот на Секторот за инспекциски работи да биде казнет со глоба од 6000 евра.

Поради тенденциозното постапување и одлука на управниот инспектор, раководителот Стојчески не ја прифаќа постапката за издавање на прекршочен платен налог и во судска постапка ќе докажува дека ги презел сите законски чекори по решението на управниот инспектор и презел се’ што било во негова надлежност за да го спроведе решението“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …