понеделник , 21 август 2017
мпм газди

НОВА: Орце Камчев и Јана Станисављева излегоа од МПМ пред генералниот штрајк

Со овие крупни промени во сопственичката структура кои доаѓаат непосредно пред најавениот генерален штрајк на вработените, Срѓан Ќерим останува единствен сопственик на МПМ, пишува НОВА ТВ.

Компаниите „Орка Холдинг“ управувана од Јордан Камчев и компанијата „Интернет Инвестмент Груп“ чиј што сопственик е Јана Станисаљева излегоа од сопственичката структура на „Графички центар ДОО“, долгогодишен сопственик на Македонија Медиа Принт (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, порталот „Телеграф“, магазинот „Теа модерна“.

Според тековните состојби издадени од Централниот регистер на Македонија побарани од НОВАТВ, на 31 јануари 2017 сопственици на МПМ преку „Графички Центар“ се „Орка Холдинг“ водена од Јордан Камчев, „Мирекс Плус“ во сопственост на Срѓан Ќерим и „Интерент Инвестмент Груп“ во сопственост на Јана Станисављева коајшто претходно ја презема оваа компанија од српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ.

Според последните издадени документи од МПМ сега сопственици се „Мирекс Плус“ и „Телеграф“, кој што е соптвеност на МПМ или, во превод, Камчев и Станисаљева го оставаат Срѓан Керим како единствен сопственик на оваа издаваштво. Јана Станисављева останува на позицијата генерален директор на МПМ.

Овие крупни промени во сосптвеничката структура се случуваат непосредно по најавите за штрајк на вработените во трите дневни весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ поради неисплатени плати и хонорари.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …