вторник , 26 септември 2017
zvrlevski

НоваТВ: Зврлевски: Специјалното обвинителство е политичко

zvrlevski
Формирањето на специјалното јавно обвинителство е навреда и предизвикува револт, истакна јавниот обвинител Марко Зврлевски по денешната седница на Советот на која беше одлучено специјалната обвинителка Катица Јанева да добие тим од 7 луѓе.

Според Зврлевски, кој воедно е и член на Советот на обвинители немало причина некој да се посомнева во Јавното обвинителство да за се формира специјално.

-Недовербата кон Јавното обвинителство на Република Македонија и другите обвинителства е несонована, постои голем револт што е избрано паралелно обвинителство. Тоа е навреда на целото обвинителство, затоа што со ништо не покажало дека не работи. Немало причина некој да се посомнева за да се формира некое специјално. Ние не сме политичка институција и нас политичките договори не не интересираат. Ние постапуваме согласно законот, ако некој донесе политичка одлука да формира политичко обвинителство јас се гордеам што ние не сме политичко обвинителство, а тоа обвинителство нека си постапува согласно политиката, рече Зврлевски.

Според него, специјалното обвинителство е политичко, бидејќи е избрано со политички договор. Тој вели дека Јавното обвинителство ќе поднесе иницијатива за да се оцени неговата уставност.

-Ако вие имате политички договор за некоја личност спротивно на сите правила и носење на закон спротивно на сите правила и барање на избор спротивно на сите законски правила, тогаш сметам дека е тоа политичко обвинителство. Ќе поднесеме иницијатива за уставност. Согласно законот, јавното обвинителство е надлежно да покрене иницијатива секогаш кога со некој акт е повредена законитоста и уставноста, таа иницијатива биде поднесена наскоро, вели Зврлевски.

Зврлевски вели дека постои револт кај обвинителите поради наведените надоместоци кои согласно планот ќе следуваат на избраниците во тимот на Јанева.

Тој смета дека Советот не го прекршил законот со одобрување на 7 од 14 предложени обвинители за тимот на Катица Јанева, затоа што обвинителствата немале луѓе за работа и според него досега многу пати е реагирано на тоа.

-Не е точно дека прв пат сме реагирале. Работиме во тешки услови, меѓутоа не е точно дека прв пат сме реагирале. Јавното обвинителство заедно со Советот наназад со години поднесуваме иницијативи, рече Зврлевски.

Зврлевски посочи дека доколку во иднина се укаже потреба од зголемување на тимот на обвинители за Јанева, тогаш тоа ќе може да се корегира.

Одлуката на Советот, специјалната обвинителка Катица Јанева ја дозна заедно со новинарите по состанокот на Совет. Таа вели кога се дискутирало за бројот на тимот, не присуствувала на седницата на Советот и побара да биде избран целиот тим кој го предложила, бидејќи според неа на ваков начин се крши Законот за специјално обвинителство и се прекршува договорот од Пржино.

-Јас си останувам на тоа мојот тим да биде избран. Советот со ова го прекрши Законот за специјално јавно обвинителство и го узурпира самиот договор во Пржино, се надевам дека во најскоро време ќе ја корегираат нивната одлука. Леташе авионот за да се потпише указот, јас другиот ден бев избрана од сите партии и затоа ја прифатив оваа задача за која мислам дека имам капацитет да ја сработам, си го сакам мојот тим, истакна специјалната обвинителка Јанева.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …