четврток , 19 октомври 2017
84906608_028565051-1-624x320

Нови експолозии во Тианцин, евакуација поради натриум цијанид

84906608_028565051-1-624x320Нови експолозии го потресуваат градот Тианцин во Кина, каде во експлозија во складиште со хемиски производи која се случи во средата загинаа 85 лица.

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека се слушнале седум нови експлозии и дека од нив повторно се разгорел оган, а во воздухот можат да се видат црни облаци од чад.

Издадена е наредба да се евакуираат жтелите во радиус од три километри од местото на несреќата, поради тоа што е пронајден високо токсичниот натриум цијанид на местото нанесреќата.

Кинеската влада објави дека според новиот биланс во експлозијата загинале 85 лица, но најверојатно тој број нема да биде конечен.

Помеѓу жртвите има 21 пожарникар, што е најголем број на загинати пожарникари во една несреќа во Кина во последните 60 години.

Членовите на семејствата на пожарникарите кои се водат како исчезнати упаднаа на прес конференцијата на кинеската влада и побараа одговори за судбината на нивните најблиски.

Кинеското министерство за заштита на природната средина вчера соопшти дека покрај местото на експлозијата најдени се трагови од цијанид и други опасни супстанци.

Концентрацијата на штетни материјали кои се пронајдени во два канализациони одводи е осум пати поглема од вообичаеното ниво.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …