понеделник , 25 септември 2017
damaskNOva-685x320

Нови моменти во политиката на Турција кон Сирија

damaskNOva-685x320Милиет – Анкара

Турција, која направи „фини прилагодувања“ во својата политика кон Сирија, го прифаќа учеството на Башар Асад во процесот на евентуална промена на режимот во Дамаск, под услов да бидат исполнети определени услови.

Објавувачот на оваа информација е компетентен извор. Тој рече дека планот за решавање на тој процес, е изработен од таканаречената група на „деветте“, во која учетсвува и Турција, и бил претставен на Русија, но досега не дошол конечен одговор од Москва.

Предложената формула предвидува цел за враќање на Сирија кон нормална ситуација пред се да се обезбеди „преоден период“ во управувањето, кој ќе опфаќа краток период на промена на поредокот од шест месеци. Во тој период, Асад ќе може да го задржи тронот. Но тоа ќе биде симболична власт. Асад нема да има адмиинстративни, воени и политички полномоштва. По истекот на шестте месеци ќе дојде крајот на диктаторот.
Прифаќањето на Турција на идејата за „преоден период со Асад“ покажува важна промена на политиката за Сирија. Од почетокот на кризата во Сирија, Анкара настојуваше не само за „Сирија без Асад“, туку и за „преоден период без Асад“.

Но последниот развој на настаните покаѓува дека тој услов бранет првенствено од Турција но и од Западот, нема да може да се оствари. Редица западни земји, вклучително и САД, се согласија со идејата за учество на Асад во преодниот период.

Првиот сигнал за тоа дека Турција може да се наклони кон таа позиција, даде претседателот Реџеп Таип Ердоган во изјава по враќањето од посетата на Москва минатиот мемсец. Ердоган рече дека Асад може да биде вклучен за кратко во преодниот период. Тоа тогаш распали неколку шпекулации и спорови. Додека се нагласуваше таа промена, турската дипломатија одигра активна ролја во групата на деветте. Некои турски високи претставници, меѓу кои и министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, расговараа со своите руски колеги во врска со таа позиција.

Позицијата на Русија по тоа прашање и одговорот на дадениот предлог сеуште не се јасни. Но она што рускиот премиер Дмитри Медведев во кажа минатата недела е доста јасно. Поред неговите зборови, Русија не го поддржува Асад, туку законското управување во Сирија и смета дека сирискиот народ треба да реши кој ќе дојде на на чело на управувањето во земјата.

Впечатокото во турските дипломатски кругови е дека Русија не може да се откаже од Сирија заради некои свои интереси, кои ги смета за витални, но дека би можела да се откаже од Асад.

Сега Русија е зафатена со продолжување на војната која ја поведе против противниците на режимот во Сирија. Тоа што во опсегот на извршените од неа воздушни операции не е толку Исис колку што се за Асад опозициските групи, кои таа ги дефинира како „терористички“, меѓу кои се и Слободната сириска армија, поддржувана и од Турција, што ја вознемирува Анкара.

Друга тема на вознемиреност е и давањето поддршка за курдските групации во северна Сирија – партијата Демократски сојуз/Сили за заштита на народот, како од САД, така и од Русија, а на крај и од Иран. Владата испрати неопходни предупредувања по тоа прашање кон Вашингтон и Москва. Пораката кон САД беше тврда и јасна: воена помош за курдската организација која е огранок на ПКК (Курдската работничка партија) е смета како закана за Турција. Ако тие оружја бидат искористени против Турција, Туруција нема да сопре да удри против тие сили во Турција, Пораката испратена кон американското раководство е дека треба да направи избор меѓу Труција и партијата Демократски сојуз. Според зборовите на компетентниот извор, „Американците ја примиле пораката“.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …