вторник , 26 септември 2017
nova-fejsbuk-profilna-fotografija-naskoro-kje-mozete-da-napravite-kratko-video-1

Ново од Фејсбук: Профилно видео наместо досегашната фотографија

nova-fejsbuk-profilna-fotografija-naskoro-kje-mozete-da-napravite-kratko-video-1Време е да се препуштите на креативноста, бидејќи Фејсбук најави нови интересни промени кои наскоро ќе ги воведува. „Секојдневно се прават повеќе од 4 милијарди посети на Фејсбук профилите и токму затоа, секогаш бараме нови начини на кои луѓето може да го прикажат својот онлајн идентитет и да се поврзат со другите“ – изјавија Шорман и Хсие.

Една од новините која ќе се воведува е можноста наместо профилна фотографија, да ставите видео долго 7 секунди, односно нешто слично на gif датотека, бидејќи видеото ќе се пушта одново и одново.

„Еден од моите дизајнери ме повика да го погледнат неговиот профил на кој наместо обична, имаше движечка слика. Така ја добивме идејата да донесеме малку живост во профилните фотографии“ – вели Шорман.

nova-fejsbuk-profilna-fotografija-naskoro-kje-mozete-da-napravite-kratko-video-1

Ова лето, Фејсбук ја воведе апликацијата “Celebrate Pride” која беше наменета да го прослави ново донесениот закон за легализирање на бракот од ист пол, но и да направи тест.

„Повеќе од 26 милиони луѓе го употребија овој филтер и беше повеќе од јасно дека луѓето сакаат да покажат кои се преку нивната профилна фотографија. Овие фотографии не се статични. Тие служат да покажат што ви се случува во животот и моментално што ви е важно. Тогаш, зошто да не им дадеме нови можности за изразување на луѓето?“ – се вели во блогот на Фејсбук.

Со други зборови, следната промена која ќе ја воведе Фејсбук е можноста профилната фотографија да биде моментална и по извесен период да се промени во некоја постара фотографија. Така можете повремено да ставите фотографија во која уживате на одмор или на фудбалски натпревар, а по извесен период повторно да ви се врати старата фотографија.

Уште една промена која ќе ја воведе – најгорниот дел од профилот ќе можете да го менувате по желба и да си ставите кратка биографија, онака како што можете тоа да го направите на Инстаграм и Твитер. Исто така, ќе можете да одберете 5 фотографии кои ќе бидат на почетокот на вашиот профил.

Профилите ќе изгледаат далеку подобро на вашите мобилни.

Профилните фотографии ќе се наоѓаат во центарот на вашиот профил и ќе бидат поголеми за подобро да се гледа вашето лице, а описот за вас повеќе нема да биде во посебниот таб „About“ туку на почетокот на вашиот профил во самиот центар.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …