сабота , 21 октомври 2017
smilkovsko

Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска во Врховниот суд продолжува судското рочиште за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Минатото рочиште беше одложено по барање на адвокатот на одбраната, Амир Алиспахиќ, кој го извести судот дека е на патување надвор од земјата.

Јавната седница на која врховните судии треба да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни кои на осудените им ги изрече Основниот, а ги потврди и Апелациониот суд, досега беше неколкупати одложувана.

Случајот пред Врховниот суд го застапува обвинителката Лилјана Спасоска, која неодамна беше назначена за в.д. јавен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски. Спасоска побара од Врховниот суд прво да ги обезбеди доказите кои СЈО ги има за случајот „Монструм“, па потоа да закаже седница. Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското Еезеро.

За денеска беше закажано и продолжението на судскиот процес за случајот „Диво Насеље“, но поради јавната седница за случајот „Монструм“, од Кривичниот суд информираат дека судењето за „Диво Насеље“ продолжува в четврток.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.