недела , 24 септември 2017
mitko-cavkov-1

НСП побара одговорност од Чавков за настаните во Собранието

Од Независниот полициски синдикат побараа одговорност од директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и сведочење на техничкиот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу за тоа зошто го оставил Чавков да го води Оперативниот штаб на 27. април.

Ова денеска го соопштија од Независниот полициски синдикат на прес-конференцијата која што ја одржаа пред Собранието, по повод суспендирањето на четворица припадници на ЕБР, што според НПС е хајка против обичните полицајци.

Од Синдикатот побараа Чавков и другите раководители од МВР да ја поделат вината за настаните во Собранието на 27. април.

Вчера командна одговорност побараа и од Македонскиот полициски синдикат.

За ненавременото интервенирање во нападот на Собранието на 27. април, суспендирани се вкупно 22 припадници на МВР. 20 од нив се поради непревземени постапки за спречување на инциденти, еден директно учествувал во нападот врз пратениците, а помошник министерот Небојша Стојановиќ е суспендиран поради тригодишно нефункционирање на системот Тетра кој не ги снимил полициските наредби.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …