сабота , 23 септември 2017
americki-vojnici

Обама ќе задржи војници во Авганистан и по 2017 година

americki-vojniciАмериканскиот претседател Барак Обама ќе задржи 5.500 војници во Авганистан при напуштањето на функцијата во 2017 година, изјави анонимен претставник на американската администрација.

Обама првично планираше од Авганистан да се повлече поголемиот дел американски војници и до крајот на 2016 година во земјата да остане само мал број што би бил сместен во американската амбасада.

Крајот на 2016 година се совпаѓа со последната недела на Обама на функцијата претседател на САД.

Сепак, воените лидери, веќе неколку месеци нагласуваат дека Авганистан има потреба од дополнителна американска поддршка за справување со новиот бунт на талибанците и задржување на тоа што е постигнато во изминатите 14 години.

Промената на својот став, Обама се очекува да го најави доцна денеска од Белата куќа.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …