вторник , 24 октомври 2017
obamanova1-540x320

Обама: Климатските промени се најголемата закана за светот

obamanova1-540x320Американскиот претседател Барак Обама синоќа  и официјално го претстави правилникот за намалување на емисиите на гас од американските електроцентрали, порачувајќи дека климатските промени претставуваат една од најголемите закани со кои светот се соочува.

– Ништо не претставува таква закана за нашата иднина и идните генерации како климатските промени, рече Обама.

Тој укажа дека проблемот на климатските промени се разликува од другите како по обемот, така и по специфичноста, кои доколку  не се сфатат на време, не можат да се променат, пренесоа светските агенции.

Американскиот претседател, исто така, ги отфрли критиките дека неговиот план ќе ги зголеми сметките за струја на граѓаните на САД, ќе им наштети на сиромашните и луѓето ќе ги остави без работа.

За правилникот за намалување на емисиите од штетен гас, Обама во Белата куќа кажа дека е најважниот чекор што САД го презел во борбата против климатските промени.

Конечната верзија на овој правилник наметнува поголеми ограничувања за јаглен диоксидот отколку што се очекуваше, односно намалување за 32 отсто до 2030 година, во однос на 2005 година.

Обама минатата година предложи верзија за намалување од 30 отсто.

Обама го претстави амбициозниот и контроверзен план за драстично намалување на вкупната емисија на гасови во САД, како што прави и со легализирањето на борбата против глобалното затоплување.

Сепак, останува наследникот на Обама во Белата куќа да го спроведе овој план, што наидува на остро противење на републиканската опозиција во Капитол Хил, во текот на изборната кампања, пренесуваат американските медиуми.

Противниците планираа веднаш да поднесат тужба и да бараат од судовите привремена блокада на овој правилник. Многу држави се закануваат дека нема да го почитуваат.

Администрацијата на Обама проценува дека ограничувањето на емисиите на гасови до 2030 година САД ќе ги чинат 8,4 милијарди долара.

Вистинската цена нема да се знае се додека државите не одлучат како да ги достигнат своите цели, додека енергетичарите, повторно тврдат дека сето тоа е скапо и дека тешко ќе може да се постигне.

Агенцијата за заштита на животната средина ги обвинува противниците за сценарио за „судниот ден“.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …