понеделник , 23 октомври 2017
kikbokserEp

Обезбедени три медали за македонските кик боксери на ЕП за јуниори и кадети

kikbokserEp
Македонските натпреварувачи на вториот ден од Европското првенство во кик бокс за јуниори и кадети кое се одржува во Сан Себастијан, Шпанија со победите над своите противници обезбедија најмалку три бронзени медали.

Хадис Рамадани во категоријата -67кг. лоу кик го совлада Стефано Цанцели од Италија со 2:1 во меч кој изобилуваше со размена на голем број на рачни и ножни удари.

Бобан Илиоски во категоријата -71кг. лоу кик го победи рускиот претставник Назад Пивнев со 3:0. Македонецот доминираше во сите три рунди како со техниката така и со физичката подготвеност.

Нашата единствена девојка Марија Божиноска во категоријата  +70 кг кик лајт ја победи Карен Галах од Хрватска. Борбата беше прекината поради големата разлика во квалитет кога Галах направи недозволени движења.

Тројцата македонски натпреварувачи денеска ќе се борат за влез во финалето.

Рамадани ќе се сретне со Полјакот Дамиен Пискорез, Илиоски ќе има борба со Данило Ракитиќ од Србија, а Божиноска за противничка ќе ја има Марија Липка од Полска.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …