недела , 24 септември 2017
teatar-16-

Објавен Конкурс за откуп на драмски текстови за 2016 година

teatar-16-
Министерството за култура го објави Конкурсот за откуп на драмски текстови за 2016 година, стимулативна мерка која за првпат беше промовирана минатата година. Конкурсот за откуп на драмски текстови, како мерка која е предвидена во Стратегијата за развој на културата во Република Македонија за периодот 2013-2017, е во насока на збогатување на националниот фонд на драмски дела, поттикнување на домашното творештво и афирмација на улогата на авторот. На Конкурсот, може да учествуваат само автори-државјани на Република Македонија. Секој автор има право да конкурира со по еден оригинален/авторски драмски текст кој не е претходно јавно изведуван ниту публикуван. Конкурсот за откуп на драмски текстови е отворен  до 1 февруари 2016 година.

Во рамките на Конкурсот за избор на драмски текстови за 2015 година беа откупени три дела, а поради големиот интерес од страна на авторите, Министерството за култура одлучи бројот на откупени дела за 2016 година да се зголеми. Пристигнатите текстови ќе ги оценува комисија од истакнати стручни и компетентни лица, која ќе направи избор на најмногу 5 драмски текста од пријавените на Конкурсот.

Со долгорочната реализација на овој конкурс кој се објавува секоја година, творештвото од областа на драмската дејност ќе се димензионира во рамки кои соодветствуваат со реалните потреби на македонската театарска сцена. Од друга страна, овој проект ќе има големи придобивки и во промоцијата на македонските автори и нивното творештво,  во национални рамки и во меѓународен контекст. Конкурсот за откуп на драмски текстови за 2016 година може да се најде на веб- локацијата на Министерството за култура

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …