недела , 24 септември 2017
obrvan-zadovolen-od-kolektivnata-ne-i-poedinechnata-igra-na-rakometarite-189968

Објавен прелиминарниот список ракометари на Македонија за ЕП во Полска 2016

obrvan-zadovolen-od-kolektivnata-ne-i-poedinechnata-igra-na-rakometarite-189968
Селекторот на машката ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави прелиминарниот список од 28 ракометари за Европското првенство во Полска 2016 година. Оваа листа на играчи може да биде променета заклучно со 12 декември, кога е последниот рок за конечниот список.

По неколку откажувања на списокот не се најде Ренато Вугринец, а Обрван на спискот „стави“ 13 играчи кои настапуваат во странство, додека другите се од македонските екипи.

Список на ракометари: Петре Ангелов, Борко Ристовски, Никола Митревски, Стефан Кимевски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Никола Костески, Гоце Георгиевски, Бојан Маџовски, Филип Лазаров, Филип Талески, Аце Јоноски, Велко Маркоски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Никола Стојчевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Милорад Кукоски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Горан Кузмановски, Влатко Митков, Дарко Димитриевски и Наумче Мојсовски.

Нашата репрезентација се наоѓа во групата А заедно со европскиот шампион Франција, домаќинот Полска и со Србија и натпреварите ќе ги игра во Краков.

Европското првенство во Полска се одржува од 15 јануари до 31 јануари 2016 година.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …