среда , 26 јули 2017
соф

Објавена програмата за „Струмица опен фест 2017“

Организаторите на манифестацијата „Струмица опен фест 2017“ ја објавија овогодинешната програма за шестото издание што ќе се одржи од 3 до 13 август годинава. Велат дека за време на фестивалските денови на петте сцени ќе настапат 80 артисти кои ќе бидат распоредени на 20 различни настани.

– Отворањето на шестото издание ќе биде во знак на откривање на големи нешта направени со љубов. Лицето на градската библиотека „Благој Јанков – Мучето“ ќе добие свој нов, позитивен и урбан изглед. Откривањето на двата мурала ќе биде збогатено со музички перформанс, улични свирачи, улични уметници, детски уметнички слики и изложба на најдобрите фотографи од наградниот фото-конкурс за убавините на Струмица. За реализација на оваа активност ангажирани се уметниците Ване Костуранов и Никола Пијанманов, како и музичката група „Паркети“, велат од организацискиот одбор.

Вториот ден ќе биде резервиран за нож на италијанската музика и на класиците на рок-енд-ролот од 60-тите и 70-тите години.

Сабота на 5 август, на третиот ден свој настап ќе имаат музичките ѕвезди на детскиот фестивал „Јо-Јо“, но и ветераните на македонскиот мелос, ансамблот „Тримери“.

– Четвртата летна школа за гитара им овозможува бесплатни часови со еминентни професори на сите деца, ученици и љубитени на добрата музика од основните школи во Македонија. Многу дружење, забава и дводневни часови во основното музичко училиште „Боро Џони“, а сето тоа на крај ќе биде одбележано со завршен концерт кој ќе се одржи во малиот градски парк во Струмица. Специјално изненадување за годинашното издание е 60-минутно предавање на Влатко Стефановски на традиционалната четврта Летна школа за гитара. Неговото гостување ќе помогне за популаризација на настанот и дополнителна мотивација на потенцијалните учесници, стои во информацијата од „Струмица опен фест“.

Четвртиот фестивалски ден ќе биде надополнет и со Фестивалот на македонски народни песни, на лицата со инвалидитет „Мобилност“.

Наредните денови ќе бидат резервирани за традиционалните настани, трка за келнери, концерт на џез музика, поетска и филмска вечер, ноќ на афоризми и стенд-ап комедија.

Последните три фестивалски денови ќе се одржат музички концерти на македонски и балкански музички имиња.

На 11 август на сцената ќе настапат Галија, Гаро и Тавитјан брадрс, Сергеј Цветковиќ, Јелена Томашевиќ и Жељко Бебек, како и галоски и Пата Пата рекордингс.

Дани, Ван Гог, Јелена Рожга, Мистик и Астра-ион проект се планирани за 12 август.

Последната фестивалска вечер, публиката ќе ги види концертите на Нино Величковски, Квин реал трибјут, Дино Мерлин, Кирилик и Дисконектит.

Од „Струмица Опен фест“ велат дека во петте изданија имале околу 900 илјади посетители, 400 изведувачи и 100 настани.

Слични написи

izrael1

Сули ан: Проекција на израелскиот филм „Израелска љубовна приказна“

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во соработка со Амбасадата на Државата Израел …