петок , 22 септември 2017
_86059356_a7bc29da-5685-48d8-83db-51e882dbbcf9

ОБСЕ: Изборите во Белорусија не ги исполнија демократските стандарди

_86059356_a7bc29da-5685-48d8-83db-51e882dbbcf9
Претседателските избори во Белорусија не ги исполнија демократските стандарди, соопштија денеска меѓународните набљудувачи.

– Јасно е дека Белорусија има уште долг пат кон исполнување на своите демократски обврски, соопшти шефот на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) Кент Хастед.

Централната изборна комисија соопшти дека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко освои 83,49 отсто од гласовите и обезбеди петти мандат.

Активистката од кампањата „Зборувај вистина“ Татјана Короткевич е втора, со освоени 4,42 отсто од гласовите на избирачите.

Одзивот на изборите во Белорусија бил 86,75 отсто.

Двајцата противкандидати на Лукашенко на претседателските избори – лидерот на Либералн-демократската партија Сергеј Гајдукевич и лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Улахович, веќе му ја честитаа победата.

Лукашенко за шеф на државата избран е во 1994, 2001, 2006 и 2010 година.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …