петок , 22 септември 2017
divo naselje

Обвинетите во „Дива населба“ отстранети од судница

Обвинетите во случајот „Дива населба“ денеска во скопскиот Кривичен суд го бојкотираа судењето откако беа одбиени предлозите на нивната одбрана да бидат изземени членовите на Судечкиот совет на чело со судијката Верка Петковска.

Тие на денешното рочиште со висок тон се обраќаа кон судијката, откако беа одбиени предлозите на одбраната за овој предмет да бидат сослушани и поранешни функционери, по што беа отстранети од судницата.

Судот по паузата треба да одлучи дали има услови да се одржи денешното рочиште.

Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …