петок , 22 септември 2017
javnoObvinitelstvo (1)

Обвинителите против Јанева

katicajanevazahugo
МИА денеска лиферуваше соопштение со наслов: Раководителите на Вишите и Основните јавни обвинителства по барање на поголем број јавни обвинители вчера одржаа заеднички колегиум на јавните обвинителства поради незадоволството од недоволниот број обвинители, како и формирањето Специјално јавно обвинителство.

Текстот е врз основа на соопштение од јавното обвинителство. Со ова се потврди вчерашната информација на А1он дека под итно Јавниот обвинител Марко Зврлевски ги свикува обвинителите и дека ајверојатно ќе треба да се добие алиби за уште пожестоки напади врз специјалниот јавен обвинител Катица Јанева.

Барањето за одржување на заеднички состанок произлезе по револтираноста која се јави меѓу редовите на јавното обвинителство и поради постоечката состојба во која работат јавните обвинителства, како и последните случувања кои се последица на донесувањето на новиот Закон за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се вели во денешното соопштение од Јавното обвинителство на Република Македонија.

На средбата присутните констатирале дека состојбата во која работат обвинителствата е исклучително незадоволителна, особено по однос на кадровската екипираност.

– Новиот Закон за кривична постапка ги зголеми надлежностите на јавното обвинителство, но техничката опременост и вработените останаа скоро на исто ниво. Особено незадоволителна е состојбата во Основните јавни обвинителства Скопје, Гостивар, Куманово, Кочани и Крива Паланка, се вели во соопштението. Незадоволството на јавните обвинители е дотолку поголема, што и по доставеното барање до надлежните институции за зголемување на бројот на јавни обвинители и јавно обвинителските службеници за 30 проценти, како што велат, досега не е одговорено.

– Дополнително, состојбата со недоволната кадровска екипираност се влошува со најавениот и можен одлив на јавните обвинители во новото Специјално обвинителство, а особено земајќи ги во предвид законските одредби со кои нови јавни обвинители мора да се бираат од редот на завршените кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители, што на годишно ниво не е задоволителна бројка, се наведува во соопштението.

На состанокот станало збор и за новиот Закон за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите според кои специјалната обвинителка достави финансов план со кои предвидува издвојување на огромни суми за плати и надоместоци, за кус период, што укажува на високи примања на вработените од тоа обвинителство кои се значително поголеми од примањата на постојниот кадар во обвинителствата.

Говорејќи за несразмерните плати и надоместоци, обвинителите го посочиле барањето и потребата за коригирање на примањата на јавните обвинители, кои постапуваат по тешки предмети, каде задолжително треба да се предвидат и надоместоци за ризик, страв и доверливост адекватни на оние предвидени за специјалното обвинителство.

Ова, како што е наведено во соопштението, било поткрепено со соодветни податоци за карактерот на високо ризичните предмети во областа на меѓународниот организиран криминал и тероризам. Обвинителите на состанокот побарале да се достави Барање до Советот на јавните обвинители, со кое ќе се инсистира на одговор за начинот на кој е составена предлог листата за избор на јавните обвинители во специјалното обвинителство, дали и каде имало објавено оглас и каде се пријавувале заинтересираните кандидати и дали листата е составено според објективни критериуми и кои се тие.

– Ова особено што за јавните обвинители, предлог листата изразува лични афинитети и субјективни согледувања за квалитетот на предложените кандидати, се истакнува во соопштението.

Присутните јавни обвинители изразиле незадоволство од донесувањето на Закон за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите оценувајќи дека на тој начин се става неосновано под сомневање нивното стручно и објективно постапување и во илјадници други предмети, а исто така го оценија новиот Закон како неуставен и повикаа на поднесување Иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост пред Уставниот суд на Република Македонија.

Тргнувајќи од поставените барања и забелешките дадени на заедничката средба, едногласно биле донесени следните заклучоци:

– Да се предложи донесување на Измени и дополнувања на Законот за Јавно обвинителство со кои ќе се овозможи избор на нови јавни обвинители покрај кандидатите од Академијата за обука на судии и јавни обвинители. – Да се предложат измени и дополнувања на Законот за плати на јавни обвинители во насока на надоместоци за јавните обвинители во смисла на надоместоци за ризик, страв и доверливост.

– Да се предложат измени и дополнувања на законот за јавно обвинителска служба според кои ќе се овозможат соодветни плати и надоместоци.

– Јавните обвинители инсистираат сите предложени Измени да се донесат во итна постапка, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …