вторник , 26 септември 2017
telekom_zgrada1-540x363

Обвинителот во САД покрена обвинение за Телеком според сведочењето на Богоевски

telekom_zgrada1-540x363
Американската комисија за хартии од вредност пред окружниот суд во Њујорк објави конечно обвинение против поранешните директори на „Маѓар Телеком“ за поткуп на македонски политичари. Порталот НОВА екклузивно го доби обвинението на Американците, во кое сега се вклучени и документирани тврдењата на екс-разузнавачот Слободан Богоески и неговите сознанија за коруптивната шема.

Покрај обвинението, НОВА ги доби и документите кои КХВ на САД ги спомнува како најрелевантни: двете верзии на потпишаниот Протокол за соработка, Нон-пејперот, меморандумот на Дејан Мицковиќ, Јован Пејковски и Љупчо Фармаковски до Владата за првиот предлог договот на МАТАВ (Маѓар Телеком), како и самиот предлог-договор, плус уште десетина имејл преписки меѓу обвинетите и други личности вклучени во аферата.

Во обвинението со датум од 8 октомври 2015 година, КХВ на САД ги обвинува Елек Штрауб, Андраш Балог и Томаш Морваи дека кон крајот на 2004 година се вклучиле во шема на поткупување на македонски политичари во замена за повеќе активности кои ќе му донесат бенефиции на нивниот работодавач Маѓар Телеком. Според интерни документи на Унгарската компанија, вредноста што Маѓар Телеком ќе ја добие од активностите во Македонија, во текот на четирите последователни години (од 2004-2008 година) ќе достигне помеѓу 37 и 68 милиони евра.

КХВ посочува дека биле ветени 19,6 милиони евра на тогашниот премиер Владо Бучковски, и на претставниците на ДУИ: Али Ахмети и Муса Џафери, но биле исплатени само 4,8 милиони евра бидејќи шемата била откриена.

Во центарот на обвинението се наоѓаат два тајни договори, Протоколот за соработка каде се наведени отстапките кои политичарите ги ветиле и Нон-пејперот, во кој е наведен поткупот.
Тврдењето дека токму Нон-пејперот, потпишан од Бучковски и Штрауб, е криминалната основа зад Протоколот за соработка, Американските обвинители го поткрепуваат со сведочењето на Богоески.

„Ветеното мито изнесувало 19,6 милиони евра и требало да им се исплати на тогашниот премиер Владо Бучковски и високи функционери од албанскиот коалициски партнер, Али Ахмети и Муса Џафери. Обвинетите платиле приближно 4,875 милиони евра од ветената сума на поткуп пред шемата да биде откриена во 2006 година“, се вели во обвинението.
Американците тврдат дека обвинетите ги испрале парите наменети за исплата на поткупот преку лажни консултантски договори со компании контролирани од страна на нивните грчки посредници при плаќање и ко-конспираторот Димитрис Кондоминас.

„За да се сокријат трагите, обвинетите ги оставиле Протоколот за соработка и Нон-пејперот кај Контоминас во Атина, Грција; ги структурирале лажните консултантски договори на тој начин што ќе ја избегнат контролата од бордот на директори; инсталирале специјален софтвер на своите компјутери за да ги уништат доказите; и потпишале лажни сертификати и под-сертификати во врска со извештаите на Маѓар Телеком пред КХВ во САД“, се вели во обвинението.

Повеќе од текстот на НОВА на следниот линк.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …