вторник , 26 септември 2017
migranti-brod-odgore-540x320

Од Егејско Море спасени 830 бегалци

migranti-brod-odgore-540x320Грчката крајбрежна стража во потрага по бродови со бегалци, во изминатите 24 часа, од водите на Егејско Море спасила 830 лица.

Спасувачките операции се изведени во близина на грчките острови Лезбос, Киос, Самос, Агатониси и Кос, информираа локалните власти, а пренесоа американските медиуми.

Во средата, грчките власти во еден помал чамец ги пронајдоа телата на жена, девојче и детенце. Чамецот бил забележен од екипажот на хеликоптер на полициската агенција Фронтекс на Европската унија.

Телата биле пронајдени по целодневната потрага по 24 лица од тој чамец, што се наоѓал во близина на турските територијални води.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …