недела , 24 септември 2017
centi-evra-540x320

Од јануари Германија ја зголемува минималната плата

Почнувајќи од јануари идната година германските работници ќе добиваат за четири отсто повисока минимална плата, одлучи германската Сојузна влада.

Владата денеска одлучила да ја зголеми минималната вредност на еден работен час од 8,5 евра на 8,84 евра, а зголемуввањето е препорачано од владината комисија која што има задача да го ревидира нивото на платата на секои две години.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, покрај другите фактори, на нивото на минималната плата влијаат и резултатите од преговорите меѓу синдикатите и работодавците.

Минималната плата во Германија беше воведена во 2013 година на инсистирање на социјалдемократите, кои гарантираното ниво на месечни примања го поставија како еден од предусловите за влегување во „големата коалиција“ со демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …