недела , 22 октомври 2017
mitko-cavkov-1

Од МВР молк за новите вработувања без огласи

mitko-cavkov-1

Пишува:Виктор Азманоски

Пред неколку дена беше објавена колумна од Јасминка Ангелова, поранешна вработена во МВР, која што се однесуваше на новите вработувања во полиција и без конкурс.

Во текот на вчерашниот ден побаравме одговор од Секторот за односи со јавност при МВР,  кои на нашиот телефонски повик не се одзваа да одговорат на нашето новинаарско прашање.

Дали во раните утрински часови на 18.10, 2015 година се повикувани кандидати за приправници -полицајци, да потпишуваат договори за започнување на  обука за курс и покрај тоа што курсот на приправници полицајци започна на 06.10.2015 година. Кои се причините на МВР да повикува дополнително кандидати за приправници-полицајци иако согласно предвидениот рок и нивните критериуми, истите не ги исполниле критериумите за прием.

Доколку МВР се обиде да не демантира, имаме изјава од  новоповикани кандидати  кои се разаочарани од начинот на кој е направена дополнителната селекција на нивниот прием. Пред  извесен период објавивме текст со изјави од припадници на МВР и покрај тоа што нивните  деца ги поминале психофизичките проверки, не биле примени, поради тоа што не го поминале партискиот филтер на локалните штабови на ДПМНЕ.
Дали ова е една од причини што Иво Котевски добил “УНАПРЕДУВАЊЕ” во МВР-ВМРО ?

Уште еднаш го прашуваме министерот Чавков,  кој го распиша конкурсот за прием на кадидати за полицајци, МВР или ВМРО ДПМНЕ?
Дали министерот Чавков кој својата полициска кариера ја започна во далечната 1987 година е свесен дека некој со овој потег му  прави долгорочна штета на МВР или за него во овој момент е поважен градежниот  бизнис, а паралелно со тоа, ургентното иселување од кабинетот на МВР.
И уште едно прашање до господинот Чавков, дали е свесен дека со неговото поставување за министер за внатрешни работи од страна за Сообранието на РМ е пркршен член, од уставот на РМ, иако пред заминување е должен да даде одговор зошто го прифатил министерското место.

Подрдената Лиза Бендевска не беше спремна да даде одговор на поставените прашања.  што се надлежни за односи со јавноста, но од таму молк. Најпрво ја добивме една од портпаролките која што како и по обичај не знае и ни кажа дека да праша кај колегите и ќе ни се јави ќе не извести, но тоа не се случи.

Значи станува збор за НОВИ вработувања кои што се вон конкурсот кој беше распишан на 6 октомври за 600 полицаци и 52 извршители.

На 18(недела) во текот на денот и доцна во ноќта се повикувани лица да склучат договори за соработка со МВР за полицајци и за извршители, секој според партиската заслуга.

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …