понеделник , 25 септември 2017
frodem

Од петок нова политичка сила во земјата – ФРОДЕМ на Јове Кекеновски

frodem
Новата политичка сила, во најава, зад која стои професорот Јове Кекеновски, конечно, излегува на политичката сцена. В петок, 16 октомври, со почеток во 12 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје и официјално ќе биде формиран Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ), зад кој стои професорот Јове Кекеновски.

Во изјава за „Мета“, професор Кекеновски рече дека во групата иницијатори на новата политичка сила се повеќемина поранешни пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мета“ дознава дека во партијата се уште и поранешниот министер за образование, професорот Ненад Новковски, познати медицински експерти и професори, како доктор Дејан Ставриќ, стендап-комичарот Сашо Тасевски, кој најверојано ќе биде лицето задолжено за контакт со јавноста, и познати личности од други професии.

Дел од оваа иницијатива е и скопскиот бизнимен Труфун Костовски.

– Има луѓе од различни структури, со различни убедувања, но има и нешто што сите нас нè обединува. Имено, од сите мали или поголеми различности, најголемо е злото против кое мораме да се избориме – вели во изјава за „Мета“ професор Кекеновски. / МЕТА.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …