недела , 22 октомври 2017
KUpi-kuka-kupi-stan

Од септември продолжува караванот „Купи куќа, купи стан“

stavreski
Од септември повторно почнува караванот „Купи куќа, купи стан“ што го спроведува Министерството за финансии со цел одблизу да ги запознае граѓаните со можностите што ги нуди овој проект.

Караванот почнува на 2 септември во Штип, а потоа секоја среда ќе бидат посетени други градови низ државата.

– Целта ќе ни биде да одиме во оние места каде претходно не сме поминале, а тоа се пред се Тетово, Струмица, Куманово, Велес и неколку други градови, но ќе ги посетиме по вторпат и Охрид, Прилеп и други места каде постоеше добар интерес за проектот. Целта на проектот е да се доближиме до граѓаните во внатрешноста на државата и да им овозможиме на едно место да ги добијат сите информации, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Досега 630 семејства ги имаат искористено можностите што им се нуди проектот и го имаат решено станбеното прашање. Главно, односно 70 проценти се од Скопје, но интерес има и во внатрешноста на државата. Така, на пример во Битола 39 семејства преку проектот „Купи куќа, купи стан“ го решиле станбеното прашање, во Струмица 34 семејства, во Куманово 28 …..

– Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои имаат приходи, но тие не им се доволни во првите неколку години за да ја отплаќаат ратата за стан или да платат учество за добивање кредит за изградба на куќа. Во тој дел помагаме со субвенции. На пример, ако граѓанинот сака да купи стан и аплицира во банка за кредит од 30 илјади евра, тогаш месечната рата би била околу 184 евра, а со проектот „Купи куќа, купи стан“ 92 евра ќе плаќа државата, а 92 евра граѓанинот, појасни вицепремиерот Ставрески.

Тој додаде дека субвенциите за куќа се поголеми, односно ако некој сака да гради куќа тогаш може да добие од 10 до 15 илјади евра поддршка од државата.

„Купи куќа, купи стан“ е владин проект кој се спроведува преку Министерството за финансии. Граѓаните кои немаат друг имот на свое име и чии месечни приходи не надминуваат 900 евра, можат да аплицираат за два вида субвенциониран станбен кредит за купување или доградба на куќа или за купување стан.

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …