четврток , 19 октомври 2017
trudnica-more

Од утре ќе се собираат потписи за референдум за 18 месеци породилно

Од утре започнува собирањето потписи за распишување на  референдум што го покренува Граѓанската иницијатива „450 Породилно(Пеленска револуција)“ за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од сегашните 9 месеци (за едно дете) и 15 (за повеќе деца), на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат.

Од ДИК потврдуваат дека од утре сите подрачни канцеларии ќе бидат отворени за собирање на потребните 10.000 потписи, се до 7 октомври.

Предлогот ги вклучува и мајките кои во моментов се на породилно отсуство. Право на потпишување за ова рефендумско прашање имаат сите граѓани на РМ над 18 години кои имаат право на гласање и би сакале да ја подржат оваа иницијатива.

„Потпишувањето ќе се врши со лична карта или валидна патна исправа во општините каде живеете. Ве молиме за подршка на оваа граѓанска иницијатива со која мајките ќе остварат платен одмор поради бременост, раѓање и родителство во времетраење од 18месеци“, вели Ивана Краљевска, активистка.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.