вторник , 26 септември 2017
klub-na-pratenici-540x405

Од ВМРО-ДПМНЕ побарале пауза на работните групи и повеќе не се вратиле!

klub-na-pratenici-540x405
Шест часа претставниците на СДСМ, ДПА и на ДУИ вчера ги чекале претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров и Никола Попоски, да се вратат од паузата што ја договориле на работните групи, дознава „Мета“.

Иако паузата требало да трае само два часа, и по шест часа тие не се вратиле во Клубот на пратеници. Пред полноќ, белгискиот експерт Питер ван Хојте телефонски им дал рок од 10 минути да се вратат и да продолжат со преговорите или политичките партии ќе ја напуштат средбата. Откако и по 10 минути Попоски и Тодоров не се вратиле на средбата, претставниците на другите партии си заминале. До овој момент сè уште нема закажано нова средба и не се знае дали и кога ќе продолжат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино.

Според извори на „Мета“, СДСМ бара отворање на министерство за дијаспора, кое е едно од барањата на организациите на иселеници. Нашите извори велат дека СДСМ е за гласање на дијаспората, но да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изедначување на гласот. Од СДСМ сметаат дека со формирањето министерство за дијаспора би се олабавил притисокот за начинот на гласање на дијаспората, затоа што сите нивни барања би се влевале во ова министерство. Од СДСМ бараат правото на глас на дијаспората да биде од 85 до 90 проценти од просечниот број на гласови остварени на последните парламентарни избори.

СДСМ во игра го внесува и прашањето за процентот на квотите за жените, како во избирачките закони, така и во органите на институциите. Нивниот предлог е процентот на квотата за жени да се зголеми на 40 проценти.

Од опозициската парија брифираат дека напредокот во работните групи е мал, речиси никаков, иако утре изминува рокот за договарање на изборните закони. Досега е договорено само изборот на членови на ДИК да се врши по принципот „три плус три плус три“, односно тројца членови од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти што ќе се избираат на јавен конкурс.

Во врска со проверката на избирачкиот список, сè поголеми се шансите за теренска проверка на гласачите, кои би ја вршеле мешовити комисии.

Иако партиите имаат уште еден ден за решавање на овие прашања, не се знае дали тие сами ќе успеат да ги решат или ќе добијат закон на тацна, кој на крајот од денот ќе мора да го потпишат.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …