сабота , 21 октомври 2017
brionimotel

Одбелжани 14 години од загинувањето на Трпковски и Илиевски кај мотелот Бриони

brionimotel
Со помен парастос на православните гробишта во Челопек, како и на разурнатиот мотел Бриони семејствата ја одбележаа 14 годишнината од загинувањето Светослав Трпковски и Боге Илиевски.

Сестрата на Трпковски, Живана Начевска го искажа револтот на семејствата од  двајцата загинати што и после толку години се уште не се познати сторителите на ова недело.

– Ние само сакаме да знаеме зошто и како се убиени, на која основа, што направиле, како направиле. Ако некому му било за објектот пушти ги нив, а објектот земи го. Многу сум револтирана и 14 години тоа ме јаде во душaта зошто и како, рече Начевска.

Илиевски и Трпковски беа убиени на 26 август 2001 година од се уште непознати сторители така што со динамит биле врзани за потпорните столбови и кренати во воздух со мотелот Бриони кај Челопек. Нивното загинување се случи две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и пет дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир. Овој случај беше опфатен со автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи. Во стара состојба е и разурнатиот мотел Бриони бидејќи дел од албанското население од Челопек се спротиставува земјоделската задруга „Единство“ да продолжи да стопанисува со него.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.